Top Sport

Бензема со два гола го инспирираше Реал за победа кај Еспањол (видео)

Реал Мадрид ја забележа третата победа едноподруго во Ла лига, откако со 4:2 доминираше на гостувањето кај Еспањол, за да ја врати негативата од 10 поени зад лидерот Барселона по 21 коло во шпанскиот шампионат.

„Лос бланкос“ почнаа фуриозно, откако на Карим Бензема му беа потребни нецели четири минути да ги донесе во водство, за во 15. минута Серхио Рамос да постигне навистина ефективен гол со глава по одличното додавање од Лука Модриќ.

Лео Баптистао во 25. минута им даде надеж на домаќините, пред Бензема да го постигне и вториот гол пред крајот на полувремето. Герет Бејл во 67. минута кам-бекот во тимот по повредата го прослави со гол, пред Реал да останат со 10 играчи по исклучувањето на Рафаел Варан. Домаќините теренската предност ја искористија да намалат на 2:4 во 81. минута преку Росалес.

Фото: ЕПА

Scroll to Top