Top Sport

Јуве со пресврт до победа во Бреша (видео)

Јувентус (барем привремено) се врати на првото место во Серија А, по тешката 2:1 победа на гостувањето кај Бреша остварено со пресврт по раното водство на новиот прволигаш.

Алфредо Донарума уште во четвртата минута донесе радост за домаќините доведувајќи ја Бреша во водство, меѓутоа до крајот на полувремето резултатот беше израмнет, по еден смешен автогол на Џон Чанселор.

Трите поени за Јувентус (без Кристијано Роналдо во тимот), донесе Миралем Пјаниќ со убав гол во 63. минута.

Јувентус сега е прв во Серија А со 13 поени, еден повеќе од Интер, кои утре играат со Лацио.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Верона – Удинезе 0:0

Бреша – Јувентус 1:2

Scroll to Top