Top Sport

Јуве трпеливо чека отказ на Зидан, па следна дестинација Торино

Кога Реал Мадрид минатата сезона беше во незавидна позиција, на кормилото на клубот се врати Зинедин Зидан. Веднаш на стартот го освои Суперкупот на Шпанија, но потоа испадна од Купот на кралот.

Моментно „Кралевите“ се на врвот во Ла Лига, но имаат негативен резултат од домашниот меч против Сити во ЛШ.
Тука започнаа шпекулациите дека Зидан по крајот на сезонава би можел да си замине од „Бернабеу“, затоа што има несогласувања во соблекувалната.

#Top_Stories #Champions_League Juventus Target Zinedine Zidane as Real Madrid Line Up Ex-Juve Boss as Replacement https://t.co/62hScZ6TIT
— What The Sport (@_whatthesport) March 6, 2020
Сето тоа трпеливо го следи Јувентус кој наводно е подготвен да го доведе Французинот во Торино, во клубот за кој имаше одлични изданија.

Зидан, според информациите, е во одлични односи со Андреа Ањели, а „Старата дама“ подготвува максимален договор за популарниот „Зизу“.

Шпекулациите се дека му е понудена тригодишна соработка вредна 8 милиони евра. Надежите се дека со доаѓањето на екс-францускиот фудбалер на клупата на Јуве би се зголемиле шансите за освојување на трофејот во ЛШ, а со „раширени раце“ неговото доаѓање би го прифатил и Кристијано Роналдо, кој со него освои 3 трофеи во низа во елитното фудбалско натпреварување.

Scroll to Top