Top Sport

Роналдињо за 5 години изгубил 90 милиони долари

Екс-фудбалерот на Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан кој подигнуваше пехари на Светско првенство, на Копа Америка, во Лига на шампиони и кој освои над 30 признанија за најдобар фудбалер спадна на тоа на сметката да има само 6 долари.

Станува збор за Роналдињо кој по завршувањето на кариерата во 2015 година на сметката имал околу 90 милиони долари.
Во Парагвај беше уапсен (потоа ослободен) затоа што со брат му Роберт се востановило дека влегле со лажни патни исправи.

Финансискиот пад на Робер Азиз де Мореира – Роналдињо започнал пред 9 години кога од Милан се вратил во Бразил каде во Фламенго, потоа и во Атлетико Минеиро планирал да ја заврши кариерата.

Славниот фудбалер сакал да изгради мост преку реката Гуаиба која ги пресекува неговите два поседи, во близина на Порто Алегре, град јужно од Рио, близу до границата со Уругвај.

Од локалните власти добил дозвола да изгради пешачки мост, но тој направил мост од челик и бетон, широк околу 100 метри.

Стигнала тужба од државата, Роналдињо не сакал да соработува со властите и да плати отштета од околу 2 милиони евра, па почнало судење кон крајот на 2012. Го загубил.

Одбивал да ја плаќа казната, па во 2016 година со принудна наплата (со камата која вртоглаво растела) тој во еден ден останал без 52 објекти, вили, хотели, а сите банкарски сметки му биле блокирани.

Бразил минатата година му го одзеде и пасошот.

Scroll to Top