Top Sport

Интер го пикира Милик, Санчез се враќа во Јунајтед

Интер летоска ќе се обиде на „Меаца“ да го донесе напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, пренесуваат италијанските медиуми.

Полскиот интернационалец со клубот од Неапол има договор до летото 2021 година, а преговорите за продолжување на соработката не одат во позитивна насока, па се подгреваат шпекулациите дека летово тој ќе си замине од „Сан Паоло“.

Милик кај „Нероазурите“ е на листата на желби уште од 2016 година, но тогаш спортскиот директор на клубот не успеа да го донесе во Милано, пред се поради финансискиот фер-плеј.

Тогаш Милик отиде во Наполи, како замена за Гонзало Игуаин кој пак го засили Јувентус.

Сега се очекува „нов напад“ од Интер со оглед на тоа што се поизвесно е дека договорот на Алексис Санчез со Манчестер Јунајтед нема да биде откупен.

Во Интер веруваат дека Наполи ќе сака да заработи на Полјакот, па затоа 26-годишниот фудбалер кој за Наполи на 109 меча постигна 46 гола, многу веројатно е дека од лето ќе биде нов играч во ростерот на Антонио Конте.

Scroll to Top