Top Sport

Јуве убедливи против Емполи, сврзаа две победи во низа

Јувентус со 4:0 ги совладаа Емполи во првиот меч од 11. коло од Серија А, за да сврзат две победи во низа за враќање на самодовербата во тимот на Масимилијано Алегри.

Во меч со клубот кој минатата сезона ги шокираше Јуве на гости, домаќините бргу дојдоа во водство, кога во 8. минута, Филип Костиќ фантастично го пронајде Моисе Кин, кој без проблеми го совлада голманот Гуљермо Викарио. Во второто полувреме, на сцена стапи Хуан Квадрадо со две асистенции.

Прво во 56. минута од мечот тој му додаде на Вестон Меккени за 2:0, за во 82. минута од мечот да направи асистенција и до Адриен Рабио за потврда на триумфот, пред Рабио со својот втор гол во 94. минута да го запечати најубедливиот триумф на „старата дама“ оваа сезона.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top