Top Sport

Мајнц со „петарда“ за Келн за трето место на табелата!

Мајнц дојде на поен од Баерн на третото место на табелата во Бундеслигата (со натпревар повеќе), откако со 5:0 ги „здробија“ Келн во првиот меч од 11. коло во германскиот шампионат.

Клучен човек на мечот беше дефанзивецот на Келн, Лука Килијан, кој прво направи пенал во 10. минута,  кој Ингвартсен го реализираше лесно, за во 28. минута да добие втор жолт картон и да ги остави гостите со играч помалку. Ова Келн го искористи и со головите на Кер (35.) и Штах (40.) направија 3:0 предност до полувреме. Мартин во 73. и Онисиво во 84. минута ставија точка на убедливата победа на Мајнц.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top