Top Sport

Јуве во свој стил му го честиташе Скудетото на Наполи

Наполи го освои третото Скудето во клуспката историја. Честитки доаѓаат од многу страни, на посебен начин титулата на Наполи им ја честита лутиот ривал Јувентус

Не е тајна дека ривалството меѓу Наполи и Јувентус е повеќе од само ривалство. Некогаш дури и нема ривалсто, туку има само омраза.

Од Торино во Неапол испратија честитка преку социјалните мрежи.

-„Со оглед на сите комплименти што ги добивме од вас во изминатите години, не можевме да одолееме да не ви возвратиме. Честитки за Наполи за освоеното трето Скудето“, пишува на Твитер налогот на Јувентус.

Ова е прва титула на клуб надвор од големата тројка од северна Италија составена од Јувентус, Милан и Интер од 2001 година, кога Серија А ја освои Рома.

Scroll to Top