Top Sport

Јувентус бара замена за повредениот Погба

Францускиот интернационалец Пол Погба се врати во Италија по повредата, ситуацијата е неизвесна, останува Јувентус заедно со играчот да одлучи дали ќе биде опериран, или пак ќе следи конзервативен третман. Во клубот веднаш размислуваат да доведат нов фудбалер, со оглед дека Погба би можел да отсуствува и подолго.

Раководството на клубот се обидува да најде заеднички јазик со ПСЖ за Леандро Паредес, а сумата е 30 милиони евра.

Арон Рамзи си замина, договорот е раскинат, а челниците на Јувентус се обидуваат да се ослободат и од Артур за да му направат простор на Аргентинецот.

Најновата опција е шпанскиот интернационалец Саул Нигез да дојде во Торино како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top