Top Sport

Јувентус без Влаховиќ и без Киеза на градското дерби со Торино

Јувентус за градското дерби со Торино ќе биде без своите големи ѕвезди Душан Влаховиќ и Федерико Киеза. Ова го откри тренерот Масимилијано Алегри.

„Не се достапни, но тимот е добро. Освен Киеза и Влаховиќ, сите останати се чувствуваат добро“, изјави тренерот.

„Ќе се соочиме со лутиот Торино, и никогаш не е лесно да се игра против нив. Екипите на Јуриќ се силни физички, па мораме да бидеме подготвени за борба“, додаде тој.

„Нема да го менувам системот. Може да се случи во текот на натпреварот да бараме различни решенија во зависност од тоа со што располагаме“, изјави Алегри.

Влаховиќ има болки во грбот и оваа недела тренираше самостојно. Тој го пропушти и натпреварот против Аталанта минатата недела. Киеза има повреда на мускулот.

 

Scroll to Top