Top Sport

Јувентус би го довел Лукаку без разлика дали ќе го продаде Влаховиќ

Ромелу Лукаку неповратно ги расипа односите со Интер, пишуваат италијанските медиуми кои се сѐ поубедени дека напаѓачот на Челси ќе замине во Јувентус. Се чинеше дека Лукаку ќе остане во Интер и по позајмицата, но клубот се откажа од него во моментот кога сфати дека преговара и со Јувентус.

„Старата дама“ е опцијата број еден на Лукаку и за да се врати во Италија одби богата понуда од Саудиска Арабија.

Италијанците пишуваат дека Јувентус ќе се обиде да го доведе без разлика дали ќе го продаде Душан Влаховиќ. Србинот е цел на ПСЖ, но и на Реал Мадрид и на Баерн Минхен.

Scroll to Top