Пол Пoгба, играчот од средниот ред на Јувентус и светски шампион со Франција во 2018 година, доби четиригодишна суспензија поради користење недозволени средства. Со оглед на тоа дека Погба за две недели полни 31 година, толку долга суспензија значи крај на неговата кариера.
Играчот од средниот ред на француската репрезентација и на Јувентус во четвртокот беше суспендиран на четири години, откако вториот тест беше позитивен на забранетата супстанца тестостерон.
Погба првпат беше суспендиран во септември, откако беше позитивен по победата на Јувентус со 3:0 над Удинезе на отворањето на сезоната во Серија А на 20 август.
Погба најави дека ќе ја обжали пресудата пред Судот за спортска арбитража во Лозана.
Интересно е тоа што Погба се уште зема плата во Јувентус, но неговата неговата плата не го оптоварува клупскиот буџет.
Како што пишува „Mарка“, платата на Погба е драстично намалена. Досега заработуваше осум милиони евра годишно, а сега од Јувентус ќе добива само две илјади евра месечно или 24 илјади евра годишно.