Јувентус ја оствари четвртата победа во низа во Серија А откако го доби градското дерби против Торино со 4:2. По долга пауза на теренот се врати и Пол Погба, а тимот на Масимилијано Алегри покажа дека може да се врати и од негатива.
Јан Карамо во втората минута донесе водство за Торино, но израмни Хуан Квадрадо во 16.минута.
Торино и вторпат имаше предност откако погоди Антонио Санабрија во 43.минута, а Данило не дозволи Јувентус да има негатива на полувремето.
Во вториот дел, Бремер во 71.минута се погрижи за пресврт, а Адриен Рабио во 81.минута го постави конечниот резултат на градското дерби.