Top Sport

Јувентус го купија Милик од Олимпик Марсеј

Јувентус потврдија дека го направиле трансферот на полскиот напаѓач Аркадијуш Милик постојан, откупувајќи го од Олимпик Марсеј откако тој ја помина сезоната 2022/23 како позајмен играч во ТОрино.

Италијанскиот клуб ќе плати 6.3 милиони евра во тригодишен период на Олимпик, и дополнителни 1.1 милиони евра во бонуси. Полјакот имаше 39 настапи за Јувентус минатата сезона, со 9 гола и една асистенција.

„Милик сега е официјално бјанконеро, откако ја искористивме опцијата да го купиме од Олимпик Марсеј“, потврдија од Јувентус.

Scroll to Top