Бразилецот Нејмар е крајно разочаран од свирежите што ги доби од фановите на ПСЖ на мечот против Бордо, а поради елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите. Не беа поштедени ниту Меси, Вајналдум и останатите ѕвезди, а единствено Мбапе доби аплаузи, веројатно поради двата постигнати гола против „кралевите“.
Ова сериозно го налутило Нејмар кој сега повторно има желба да го напушти Париз. Во минатото размислуваше за враќање во Барселона, но сега гледа кон Италија.
Како што тврди „Калчомеркато“, Бразилецот и челните луѓе на Јувентус веќе воспоставиле контакт околу евентуалниот трансфер на Нејмар во гигантот од Торино.
Нејмар има договор со ПСЖ до јули 2025 година, а неговата моментална цена изнесува околу 90 милиони евра.