Top Sport

Јувентус го потврди трансферот на Џало

Foto/ EPA

Јувентус се засили со Тиаго Џало, играч од Португалија. Џало претпладнево ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со „старата дама“.

Тој доаѓа од Лил за 3,5 милиони евра, плус други бонуси. Јувентус го донесе за малку пари бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а бидејќи интерес за него покажаа и други клубови, Јувентус побрза да го донесе 23-годишниот дефанзивец.

Инаку, ова момче, речиси една година нема играно фудбал, поточно од март 2023 година кога ги повреди лигаментите во коленото. Се очекува да одигра некој натпревар за Јувентус до крајот на сезоната.

Кариерата ја започна во Спортинг, потоа се пресели во Милан, а во Лил играше од 2019 година.

Scroll to Top