Top Sport

Сити му нудат нов договор на Де Брујне

Шампионот на Англија, Манчестер сити има намера да му понуди нов договор на еден од најдобрите играч, Кевин Де Брујне (32).

Белгискиот офанзивен играч за врска има договор со Сити до јуни 2025 година. Британските медиуми пренесуваат дека Де Брујне има богати понуди од клубови од Саудиска Арабија.

Доколку тргне по стапките на Кристијано Роналдо, Карим Бензема и другите големи ѕвезди кои решија да се преселат на Блискиот Исток, Де Брујне би заработувал повеќе од 50.000.000 евра по сезона.

Затоа Манчестер сити му нуди на Де Брујн продолжување на соработката до јуни 2026 година.

Тој во Сити пристигна во 2015 година од Волфсбург, а за англискиот клуб одигра 360 натпревари и постигна 97 голови.

Scroll to Top