Италијанскиот калчолигаш Јувентус се обидува да го привлече аргентинскиот интернационалец Анхел ди Марија како слободен играч ова лето, пишуваат италијанските медиуми. Тој ќе го напушти Пари Сен Жермен откако не се договори за продолжување на соработката со новиот француски првак.
Сепак, засега има големи разлики во ставовите меѓу фудбалерот и раководството на Јувентус. „Старата дама“ му нуди едногодишен договор, со опција за уште една сезона, а Ди Марија бара веднаш да потпише тригодишен договор.
За Ди Марија се интересира и португалскиот клуб Бенфика, каде тој играше претходно во текот на кариерата.