Top Sport

Јувентус и Аталанта дадоа вкупно шест гола, а поделија по еден бод

Јувентус и Аталанта ремизираа 3:3 во интересен и преполн со голови натпревар во Торино. Тоа беше прв меч за Јуве по бодовната казна што ја доби поради финансиски малверзации.

Адемола Лукман во четвртата минута ги доведе гостите во водство, но Ди Марија израмни од пенал во 25.минута. Аркадиуш Милик во 34.минута се погрижи за пресврт.

Сепак, во вториот дел нови возбудувања. Маеле и Лукман во 53.минута направија нов пресврт за 2:3, а конечниот епилог го постави Данило во 65.минута од дуелот.

Scroll to Top