Top Sport

Французите подобри од Шпанија, Шведска ги откажа Португалците

Ракометната репрезентација на Франција со максимален ефект патува во четврт-финалето на Светското првенство по вечерашната победа (28:26) над Шпанија.

По првото полувреме ниту една селекција не обезбеди позитива (13:13), а потоа Шпанците имаа свои мигови и поведоа со три гола разлика, меѓутоа Франција на крајот го зададе завршниот удар.

Најдобри кај Франција беа Мае, Мем и Бриет со по четири гола, а кај Шпанија, Фернандез имаше седум погодоци, пред Сердио со четири гола.

Шведска пред домашните гледачи ја победи Португалија со 32:30 правејќи и услуга на Унгарија. Швеѓаните се перфектни со пет победи.

Петерсон со осум и Јохансон со седум гола беа најдобри кај Швеѓаните, додека кај Португалија, Итуриза даде седум, а капитенот Соуза имаше шест реализации.

Scroll to Top