Top Sport

Јувентус и Севилја во невозможни мисии

Реал Мадрид и Баерн Минхен, по победите над Јувентус односно Севилја, во првите натпревар, како домаќини треба да го потврдат пласманот во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Бранителот на трофејот, Реал, во реваншот ќе влезе со предност од 3:0 против Јувентус. Од оваа перспектива реваншот е чиста фомалност, иако од таборот на Јувентус најавија голема борба.

Јувентус гостува на „Сантијаго Бернабеу“ на јубилејот на Кристијано Роналдо. Португалецот ќе го одигра 150.натпревар во Лигата на шампионите. Роналдо сезонава во ова натпреварување постигнал гол на сите натпревар, односно на 11 натпревари постигнал 14 гола, а против Јувентус ќе се обиде да го поправи сопствениот рекорд.

До сега никогаш не се случило екипа што имала три гола негатива по првиот меч да се пласира во наредната рунда. Јувентус е пред невозможна мисија, а работата ќе му биде отежната со неиграњето на Паоло Дибала.

Можеби малку повеќе неизвесност ќе има на натпреварот во Минхен, бидејќи Баерн во Андалузија ја победи Севилја 2:1. Севилја на првиот меч имаше водство, но не успеа да ја искористи до крај лошата партија на Баварците.

Scroll to Top