Top Sport

Јувентус ја слави елиминацијата на Наполи

Во Јувентус се израдуваа на елиминацијата на Наполи од Лигата на шампионите. Наполи синоќа испадна од Барселона, откако загуби во Каталонија со 3:1.

Елиминацијата на Наполи му донесе на Јувентус пласман на Светското клупско првенство на ФИФА.

На Јувентус му требаше Наполи и Лацио за да бидат елиминирани во осминафиналето на Лигата на шампионите, што и се случи. Минатата недела Лацио испадна од Баерн.

Клупскиот Мундијал во 2025 година ќе се игра во нов формат.

Ќе учествуваат 32 екипи од целиот свет (сите шест конфедерации на ФИФА), а натпреварите ќе се играат во САД од 15 јуни до 13 јули.

УЕФА доби 12 места, а досега Челзи (победник на Лигата на шампионите 2021), Реал Мадрид (победник на Лигата на шампионите 2022), Манчестер Сити (победник на Лигата на шампионите 2023), Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд и Јувентус успеаја да се квалификуваат.

Пласманот се одредува според рангирањето на УЕФА во последните четири години.

Моментално квалификувани тимови од други континенти:

Азија (Ал Хилал, Урава)
Африка (Ал Ахли, Видад Казабланка)
Северна и Централна Америка (Монтереј, Сиетл, Леон)
Јужна Америка (Палмеирас, Фламенго, Флуминансе)
Океанија (Окленд)

Scroll to Top