Top Sport

Вукчевиќ од Партизан замина во НБА

Кошаркарот на Партизан, Тристан Вукчевиќ го напушти клубот. Кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, во Вашингтон Визардс. и напушти црно-белите.

„Тристан Вукчевиќ ја искористи можноста да ја активира откупната клаузула и кариерата да ја продолжи во НБА. Според претходно постигнатиот договор, обештетувањето од седум цифри ќе биде поделено помеѓу Реал Мадрид и Партизан“, објави претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ.

Според српските медиуми, Вашингтон ќе плати 1.200.000 евра. Оваа сума ќе ја поделат Реал Мадрид и Партизан. Клубовите постигнаа ваков договор кога Вукќевиќ во јануари 2022 година од Реал се пресели во Партизан.

Scroll to Top