Јувентус ќе го предизвика Интер во финалето на Купот на Италија, откако „старата дама“ ја елиминираше Фиорентина со втор триумф во полуфиналниот двомеч. Јуве славеше со 2:0 во Торино и докажа дека е подобар ривал откако претходно победи и во Фиренца (0:1).
Федерико Бернардески во 32.минута донесе предност за домаќинот, а Данило во завршницата го потврди триумфот.