Јувентус ќе загубат околу 12 милиони евра поради тоа што италијанската влада одлучи сите спортски натпреварувања да бидат затворени за јавноста поради корона вирусот, а вкупната загубија на Серија А клубовите ќе бидео колу 28 милиони евра.
Италијанската влада реши до 3 април сите спортски натпреварувања да се оддржуваат пред празни трибини да се спречи ширењето на болеста која посебно е раширена во северна Италија.
Веб-сајтот „Калчо е финанца“ проценува дека Јувентус, кои треба да играат со Интер и Лече во Серија А и Лион во Лигата на шампионите, поради ова ќе има 12.3 милиони евра помал приход.
Италијанскиот шампион е најзагрозен од оваа одлука, додека Интер и Милан на пример, кои ќе играат по два натпревари на „Сан Сиро“ ќе загубат 2.7 милиони евра (Интер) и 3.4 милиони евра (Милан). Загубата на Рома ќе биде околу 2.3 милиони евра од два натпревари.