Top Sport

Јувентус „кренале раце“ од Пол Погба

Јувентус „кренале раце“ во обидот да го вратат Пол Погба во Торино. Сега единствен клуб со кој се поврзува францускиот репрезентативец е Реал Мадрид.

Челниците на италијанскиот шампион не сакаат да си создадат проблем со финансискиот фер-плеј, а и во овој момент поважен им е евентуалниот трансфер на Мауро Икарди.

Инаку, Погба денес се сликаше во гостинскиот дрес шт Манчестер Јунајтед ќе го носат наредната сезона, што поттикна шпекулации дека тој можеби и ќе остане на „Олд Трафорд“.

Инаку Реал, поточно Зинедин Зидан, ќе се обидат но не по секоја цена да се договорат со Манчестер Јунајтед.

Цената што ја одредија од Јунајтед се чини е непремостлива пречка. „Црвените ѓаволи“ за Погба бараат 170 милиони евра.

Scroll to Top