Top Sport

Заврши сагата, Барселона го потврди доаѓaњето на Гризман за 120 милиони евра

Барселона официјално потврди дека Антоан Гризман е нивни фудбалер по трансферот од Атлетико Мадрид, откако каталонскиот клуб ја плати неговата откупна клаузула од 120 милиони евра, ставајќи крај на сагата која трае повеќе од една сезона.

Атлетико неодамна влезе во остар напад кон Барса и Гризман за нивното однесување, откако се откри дека тие преговарале од март, кога тимот на Диего Симеоне се бореше за титулата во Ла лига со Барселона.

Гризман во мај ги извести Атлетико дека сака да замине на крајот на сезоната, откако само пред една година во драматична ТВ-емисија изјави дека ќе потпише нов договор со Атле. Но, сега на тоа се става крај и Гризман може да почне да ја планира иднината со новите соиграчи како Лео Меси.

Со порака „C’est magnifique” (Ти си фантастичен), Барселона објасни дека Гризман потпишал договор на пет сезони до 30 јуни 2024 година, со откупна клаузула од 800 милиони евра.

Scroll to Top