Top Sport

Јувентус може да биде исфрлен во Серија Б и да остане без неколку трофеи

Регулаторното тело во Италија, кое се грижи за заштита на пазарот (КОДАКОНС), тврди дека фудбалскиот клуб Јувентус, би можел да биде исфрлен во Серија Б, доколку се докаже дека работел незаконски, односно дека со измами остварил предност над конкуренцијата.

Минатата недела финансиската полиција влезе во клупските простории. Под истрага за лажно фактурирање, се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски директор Фабио Паратичи и уште тројца вработени во клубот.

Клубот е обвинет дека остварил профит со лажно претставување на цените на фудбалерите.

„Доколку, клубот на опишаниот начин се стекнал со предност над конкурентите, тогаш првенството не е регуларно, последица на тоа ќе бидат санкции. Покрај казните за одговорните лица ќе биде казнет и клубот. Поради неправилностите ќе бараме Јувентус да биде исфрлен во Серија Б и да му се одземат трофеите кои ги освои клубот во периодот од 2018 до 2021 година“, изјави претседателот на КОДАКОНС, Марко Доницели.

Scroll to Top