Top Sport

Јувентус на „бесплатен“ шопинг во Тотенхем: Ериксен и Алдервајрелд на „мета“

Јувентус уште сега имаат план следното лето да ги „грабнат“ Кристијан Ериксен и Тоби Алдервајрелд како слободни фудбалери по крајот на нивните договори со тимот на Тотенхем, јавува „Дејли мејл“.

Според весникот, Јувентус се подготвени уште во јануари да ги почнат преговорите за двојката на лондонскиот клуб, откако во последно време станаа „експерти“ за привлекување на фудбалери без оштета, добивајќи ги така Пол Погба, Андреа Пирло, Адриен Рабио и Арон Ремзи.

Сепак, мал проблем може да биде тоа што Интер веќе е заинтересиран за Алдервајрелд и пратил претставници да контактираат со фудбалерот, додека за Данецот Ериксен има сериозна конкуренција во Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Тотенхем не успеаја да ги продолжат договорите со двајцата фудбалери и најверојатно ќе ги загубат без отштета освен ако некој не ги купи во јануари. Според правилата, фудбалерите можат да потпишат пред-договори со заинтересираните клубови во јануари, на 6 месеци пред крајот на нивните договори.

Scroll to Top