Јувентус во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во своите редови капитенот на Лион Хусем Ауар. Од Торино веќе испратиле понуда од 22 милиони евра која челниците на лион веднаш ја одбиле.
Јувентус нема да се откажат од овој трансфер, италијанските медиуми тврдат дека клубот подготвил нова, побогата понуда. За Ауар од Торино го понудиле Блез Матуиди и сума од 32 милиони евра.
Наводно Матуиди сакал да го напушти Јувентус што би можело да значи дека Лион ќе ја прифата понудата.
Ауар има договор со Лион до 2023 година.