Top Sport

Рома за Ејбрахам ќе бара 120.000.000 евра

Тами Ејбрахам, минатото лето донесе вистинска одлука да го напушти Челси. Рома за 40.000.000 евра го обезбеди неговиот потпис. Напаѓачот на „Олимпико“ игра во голема форма, во сите натпреварувања веќе има постигнато 23 гола, во Серија А 15 пати бил стрелец.

Англиските медуми тврдат дека Ејбрахам нема долго да се задржи во Италија. Шпекулираат дека по завршувањето на сезоната ќе се врати во Премиер лигата. Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, наводно серизно биле заинтересирани за него.

И неговиот поранешен клуб Челси има можност да го врати во своите редови. Според договорот, во 2023 година, Челси може да го откупи Ејбрхам за 80.000.000 евра.

„Дејли мејл“, пишува дека Рома за напаѓачот ќе бара 120.000.000 евра.

Доколку добијат ваква понуда, челниците на Рома ќе го пуштат Ејбрахам. Нивната математика е јасна, со еден ваков трансфер ќе покријат добар дел од минусот. Рома, годината ја заврши со минус од 175.000.000 евра.

Scroll to Top