Top Sport

Јувентус немале доволно пари за да го донесат Мурињо

Иако ја има поддршката од Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо нема да стане тренер на Јувентус, објави „Скај спорт“. Португалскиот тренер, во декември минатата година, доби отказ во Манчестер Јунајтед и оттогаш е без работа.

Според „Скај спорт“, Јувентус немаат доволно пари за да го донесат Мурињо, бидејќи минатото лето клубот за Кристијано Роналдо издвои 100 милиони евра.

Се наведува дека Роналдо бил подготвен да ги заборави сите несогласувања што ги имал со Мурињо, додека двајцата беа во Реал Мадрид, за да може „специјалниот“ да дојде во Торино.

„Скај“ пишуваат дека овие двајца сега се во исклучително добри односи и дека во иднина би можеле да рабтат заедно.

Инаку, Мурињо е легенда на Интер, историски најголемиот ривал на Јувентус во италијанскиот фудбал. Со Интер, Мурињо, во 2010 година ја освои тројната круна.

Scroll to Top