Top Sport

Јокиќ ќе игра за Србија на СП во Кина

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, објави дека ќе игра за Србија на Светското првенство во Кина. Јокиќ, кого вчера НБА го избра во најдобрата петорка во лигата за оваа сезона, за агенцијата „Танјуг“ потврдил дека ќе му биде на располагање на српскиот селектор, Александар Ѓорѓевиќ.

„Задоволен сум од она што го направив оваа сезона во НБА лигата. Имав одлична година, во која настапив на „Ол стар“ натпреварот и сум избран во најдобрата петорка во лигата. Круна на оваа сезона за мене ќе претставува медалот за кој сум сигурен дека репрезентација на Србија може да го освои на Светското првенство во Кина. Подготвен сум да дадам се од себе за да ја оствариме таа цел“, рекол Јокиќ.
Центарот на Денвер Нагетс последен пат за репрезентацијата настапил во 2016 година, кога Србија го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.

Мундијалот во Кина на програмата е од 31 август до 15 септември, а Србија во првата фаза ќе игра против Италија, Филипините и Ангола.

НБА го избра Јокиќ во првата петорка за 2018/19, ова значи убав бонус!

Scroll to Top