Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да реализира уште три големи трансфери до крајот на летниот преоден рок, открива „Тутоспорт“. Првата желба на тренерот Масимилијано Алегри е играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес, кој би можел да пристигне во Торино за 15 милиони евра.
Второто име е Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Крилниот напаѓач на српската репрезентација е голема желба на „старата дама“. За него Јувентус треба да му плати на германскиот клуб околу 20 милиони евра.
Луис Муриел од Аталанта е третиот трансфер што би сакал Алегри да се реализира во наредните десетина дена. Тој е изборот на „бјанконерите“ за нов напаѓач, а Јувентус би требало да плати околу 20 милиони евра.