Фудбалскиот клуб Јувентус се уште минува низ турбулентен финансиски период, кој меѓу другото е последица и на неиграњето во Лигата на шампионите.
Клубот од Торино најави загуби од 123 милиони евра за сезоната 2022/2023.
Одговорот на овие загуби беше вообичаен: големо зголемување на капиталот на Eксор, холдинг-компанијата на семејството Ањели – 200 милиони. Ова е трето зголемување на капиталот во последните четири години, по 300 милиони во 2019 година и 400 милиони во 2021 година.
И покрај лошата финансиска слика, всушност е многу подобра отколку пред една година кога клубот имаше загуба од 239,3 милиони евра.
„Ова намалување е резултат и на елиминацијата на негативните ефекти од пандемијата, и од активностите за рационализација на трошоците и развој на приходите што беа започнати во претходните периоди и продолжија во финансиската 2022/2023 година“, се вели во соопштението на италијанскиот клуб. .
Да потсетиме, минатата сезона Јувентус беше казнет со одземање бодови поради финансиски малверзации поради што не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.