Италијанскиот калчолигаш Јувентус успеал да го договори првото засилување за следната сезона. Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди марија од ПСЖ доаѓа во Торино и треба да потпише договор на 1 + 1 година.
Клубот ќе има корист од локалната уредба за даночен попуст за привлекување странски играчи, а платата на аргентинскиот ветеран ќе биде 7 милиони евра годишно.
Јувентус по ова ќе се насочи кон ангажман на уште двајца фудбалери кои се на списокот на желби на тренерот Масимилијано Алегри. Тоа се Пол Погба, кој заминува од Манчестер Јунајтед, и Иван Перишиќ. Хрватот е во преговори и со Челси, британските медиуми објавија и дека договорот е веќе потпишан, но Јувентус ќе се обиде да го разубеди и му нуди плата од 6 милиони евра по сезона.