Top Sport

Лука Јовиќ се враќа на позајмица во Ајнтрахт

Српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ до крајот на сезоната ќе настапува за својот стар клуб, Ајнтрахт Франкфурт, помалку од две години откако „кралевите“ платија 63 милиони евра за него, јавува германскиот „Билд“.

Јовиќ ќе добие шанса да биде дел од првиот тим на Ајнтрахт, кои покрај тоа што ќе го добијат напаѓачот, ќе плаќаат само 20 отсто од неговата годишна плата од 10 милиони евра, додека остатокот ќе го плаќа шпанскиот гигант.

Напаѓачот имаше фантастична 2018/19 со Ајнтрахт, давајќи 27 гола во 48 меча за Ајнтрахт и беше најавуван како големо засилување во Реал, но за „кралевите“ има само 32 меча и 2 постигнати голови, а минатата година беше во центарот на контроверзите со прекршување на правилата за КОВИД-19 во Србија и кривичната пријава која ја доби, и повредата која го оддалечи од терените додека клубовите не тренираа.

Scroll to Top