Речиси три години откако вторпат во кариерата ја напушти клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.
Повикувајќи се на изјави на негови блиски пријатели, неколку медиуми тврдат Зидан веќе знае каде ќе работи наредната сезона.
Станува збор за Јувентус, клуб во кој играше од 1996 до 2001 година.
Познато е дека навивачите на „бјанконерите“ не се најсреќни со актуелниот тренер Макс Алегри, а би биле воодушевени од доаѓањето на популарниот Зи-Зу.
Според медиумите од Апенините, се очекува Јувентус да го отпушти Алегри на крајот од оваа сезона доколку не успее да освои трофеј во Серија А или во Копа Италија.