Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина ги пофали Јувентус како пример за целиот фудбалски систем, откако ѕвездите на тимот прифатија да добијат намалени плати.
Првиот тим на Јувентус и тренерот Маурицио Сари нема да добиваат плата до јуни, како дел од мерките да се помогне на клубот во финансиски несигурна ситуација поради корона вирусот.
„Договорот кој го постигнаа во Јувентус треба да биде пример за целиот систем. Благодарам на капитенот Џорџо Кјелини, неговите соиграчи, и на тренерот Маурицио Сари, бидејќи се надеваме на таква соработка и поставување на доброто на сите во клубот. Обединетоста и солидарноста во светот на фудбалот е првата добра вест која ја слушнавме. Вака ќе го направиме фудбалот посилен“, вели Гравина во интервју за новинската агенција „АНСА“.