Дали италијанскиот шампион Јувентус е во длабока криза и покрај убедливата гостинска победа над Удинезе (6:2) се прашуваат медиумите на Апенинскиот полуостров.
Проблем според нив е односнот помеѓу тренерот Масимилијано Алегри и напаѓачот Паоло Дибала, кој брилијантно ја започна сезоната, но на последните пет натпревари не игра во доба форма, особено тоа се однесува на последните две средби во Серија А, против Аталанта и Лацио, кога промаши два пенали и го оштети тимот за можни четири бода.
Телевизиските камери ги уловија неговите непристојни зборови кои ги упати кон тренерот Алегри, кога беше изваден од игра при резултат 4:2 за Јувентус.
Медиумите на „Чизмата“ веќе шпекулираат дека натпреварот во Удине означил крај на врската помеѓу тренерот Алегри и напаѓачот Дибала, а како што наведуваа дека не е невозможно и двајцата да го напуштат клубот, бидејќи и тренерот и играчот имаат бројни понуди.