Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) јавно ги осуди изјавите на Арсен Венгер, славниот поранешен тренер на Арсенал и актуелен шеф за глобален развој на ФИФА по тврдењата дека Африка нема доволно добра инфраструктура за развој на фудбалери и дека Европа е единствениот континент каде што фудбалерите можат да го остварат својот потенијал.
Венгер овој месец во интервју за „ЕСПН“ го коментираше растот на францускиот напаѓач Килијан Мбапе.
„Да беше роден во Камерун, од каде е неговиот татко, немаше да стане напаѓач каков што е денеска. Тука е Европа и остатокот на светот. На остатокот на светот му е потребна помош бидејќи ќе пропуштиме многу фудбалски таленти“, изјави Венгер.
ЦОНМЕБОЛ вели дека се работи за „опасни предрасуди“ кои се маскирани во „интелигентни проенки“.
„Зборовите на Венгер, не само што покажуват игнорантност околу вредноста на африканските фубалери во светскиот фудбал, а посебно европскиот фудбал, туку и ја понижуваат работата на фудбалерите и спортските институции кои не се во Европа. Исто како Африканците, и ние Јужноамериканците знаеме дека таквото однесување доаѓа од вербата дека светот почнува и завршува во Европа“, се вели во критиката на ЦОНМЕБОЛ.