Јувентус летото ќе го реконструира тимот. Во групата фудбалери кои ќе го напуштат клубот се јужноамериканците, Хуан Квадрадо и Алекс Сандро.
Колумбиецот Квадрадо на 30 јуни ќе стане слободен играч, додека челниците на Јувентус напорно работат на раскинување на соработката со Алекс Сандро.
Тандемот пристигна во Торино во истиот летен преоден рок во 2015 година, дресот на Јувентус го носеа осум години во кои освоија се што можеше да се освои во Италија.
Врвот на генерацијата беше финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, каде што тимот на Макс Алегри беше поразен со 4:1 од Реал Мадрид.