Top Sport

Пандев доби „безвременски“ шампионски прстен од Интер

Неодамна се прослави десетгодишнината на славната „триплета“ на Интер, освојувањето на тројната титула (Серија А, Копа Италија, Лига на шампиони), генерација во која играше и нашиот најуспешен фудбалер, Горан Пандев.

Таа генерација доби „митски“ размери кај навивачите на „нераѕурите“, така што не чуди што Интер на сите членови на шампионскиот тим им прати прстен, налик на прстените кои се доделуваат на шампионите во американските спортови, на кој пишува „Timеless“.

Пандев се пофали со прстенот на Инстаграм со порака „Благодарам Интер“.


Scroll to Top