Фудбалерите на Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во последниот натпревар од 30. коло од италијанската Серија А.
Бавното темпо во првото полувреме го обележа голот на Меле во 37.минута. Со минимална предност Аталанта замина на полувреме.
Фиорентина се мачеше, но успеа да израмни на половина од вториот дел. Во 56. минута Рафаел Толој играше со рака, па беше досуден пенал за „Виола“ и Артур Кабрал ја презеде одговорноста и погоди.
Аталанта стигна до 49 бода и остана на шестата позиција, додека Фиорентина е девета со 42 бода.