Top Sport

Каде отидоа мускулите на Герет Бејл за шест месеци?

Навивачите на Реал Мадрид повторно се вратија на својот омилен „спорт“ – критикувањето на Герет Бејл, откако Велшанецот објави фотографии од тренинзите на „кралскиот“ клуб на кои се забележува дека има загубено мускулна маса, посебно во нозете.

Бејл имаше доста проблеми со повредите последните месеци, нешто што може да е причина за драстичната промена, а дел од навивачите саркастично додадоа дека се работи за „премногу играње голф“.

Велшанецот исто така беше под критики за неговата објава од тренингот, што беше првпат од август да се појави на социјалните мрежи со пост поврзан со Реал Мадрид. „АС“ коментираше дека „Бејл никогаш не бил познат по неговата блиска поврзаност со навивачите на Реал Мадрид“.

Scroll to Top