Top Sport

Олимписките шефови ќе се сретнат со Пенг Шуаи во Пекинг

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) открива дека постојат планови за средба со кинеската тениска ѕвезда Пенг Шуаи во Пекинг следниот месец, откако 36-годишната тенисерка „исчезна“ од јавната сцена на крајот на 2021 откако претходно го обвини поранешниот кинески вицепремиер Жанг Гаоли за сексуален напад.

По овие вести, на Западот почна кампања под името „Каде е Пенг Шуаи“, која се зголеми на Австралија опен, кога дел од навивачите се појавија во такви маички. Шампионката од Вимблдон 2013 во двојки неколку пати се појави во јавноста и прати писмо дека е слободна и дека западните медиуми ја „извртеле“ нејзината приказна, а претседателот на ИОЦ, Томас Бах во ноември имаше видео-разговор со неа. Сега од ИОЦ велат дека ќе има средба за време на Олимпијадата во Пекинг.

„По првиот повик на ИОЦ со Пенг Шуаи на 21 ноември 2021, тимот на ИОЦ е во постојан контакт со неа со постојани разговори секоја недела. Таа ќе ги следи Олимписките игри во Пекинг и ќе го следи кинескиот тим, кога ќе има средба со членовите на ИОЦ“, се вели во објавата на портпаролот на ИОЦ.

Олимписките Игри во Пекинг почнуваат на 4 февруари со дипломатски бојкот од САД, Австралија и Велика Британија поради човековите права во земјата домаќин.

Scroll to Top