Мечот помеѓу Црвена звезда и ТСК од Бачка Топола во осминафиналето на Купот на Србија донесе една навистина бизарна грешка на судијата.
Во 16. минута од мечот, одбраната на Звезда направи критична грешка – Гобељиќ ја прати топката до голманот, но до неа дојде противничкиот фудбалер Дамјановиќ, кој тргна да постигне гол, пред мечот да биде прекинат поради некој невидлив офсајд.
Грешката на крајот не беше одлучувачка – Звезда стигна до лесна 4:1 победа.