Top Sport

Кадиз го шокираше Атлетико Мадрид

Еден од најслабите тимови во Ла Лига, Кадиз, успеа да го изненади Атлетико Мадрид на домашен терен и да слави со 3:2. Во натпревар што траеше сто минути, домаќинот победи со голот на Рубен Собрино во 99.минута.

Бонгонда донесе водство за Кадиз, а Алекс Фернандез зголеми на 2:0. Атлетико Мадрид се врати во игра со автоголот на Луис Хернандез и голот на Жоао Феликс, но, на крајот сепак славеше Кадиз.

Scroll to Top