Top Sport

Кадровските проблеми го кројат тимот за Грузија, Ангеловски повика нови играчи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски повика четворица нови играчи во пресрет на натпреварот со Грузија. Македонија ќе ја пречека Грузија во среда, во рамките на четвртото коло во Лигата на нации.

Ангеловски пред и по синоќешниот натпревар со Естонија (3:3) се соочи со кадровски проблеми. Дуелот со Естонија поради повреди го пропуштоја Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски, тие не се во конкуренција ниту за натпреварот со Грузија.

Против Грузија поради жолти картони немада можат да настапат Енис Барди и Висар Муслиу, Ферхан Хасани е ослободен од обврските, а Стефан Сприровски се повреди против Естонија.

Ангеловски во националниот тим ги повика Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП и фудбалерите на Шкендија Енур Торе и Љупчо Дориев.

Од овие четворица досега само Дориев има забележано настап за сениорскиот тим.

Scroll to Top