Top Sport

Каиседо не е заинтересиран за трансфер во Челси

Греем Потер, менаџерот на Челси, има голема желба да го види на „Стенфорд Бриџ“, Мојсес Каиседо од својот поранешен клуб Брајтон.

Според англиските медиуми, Брајтон досегаодбиле две понуди за репрезентативецот на Еквадор. Последната изнесувала 60 милиони евра. Наводно Брајтон за Каиседо бара 75 милиони евра.

„Фокусиран сум на Брајтон. Таму сум и играм секој ден. Мене не ме засега што се случува надвор од клубот, ќе повторам фокусиран сум само на Брактон“, изјави Каиседо.

Каиседо има 21 година, кариерата ја започна во 2019 година во Индепендиенте дел Вале, во Брајтон пристигна на 1.февруари 2021 година. Со англискиот клуб тогаш потпиша до јуни 2025 година.

Scroll to Top